Дома Фудбал Селекторот на Бразил ја избра замената за Нејмар во репрезентацијата

Селекторот на Бразил ја избра замената за Нејмар во репрезентацијата

Бразилската фудбалска репрезентација го повика младиот напаѓач на Реал, Ендрик, како замена за повредениот Нејмар во претстојните квалификации за Светското првенство.

Нејмар го повреди мускулот и не можеше да се врати во тимот, иако планираше враќање во националниот тим по 17 месеци пауза поради повреда на коленото.

Битки за за титули и Лига на Шампиони во Премиер Лига, Серија А и Ла Лига ↓↓↓


Бразилскиот ас требаше да се врати во националниот тим по долго отсуство, но неодамна доживеа повреда, која ќе го спречи неговиот настап во квалификациите против Колумбија и Аргентина.

На социјалните мрежи изрази разочарување, но нагласи дека е најдобро да се опорави целосно.

По тешкиот период во Ал Хилал, Нејмар се врати во својот матичен Сантос во јануари, каде во бразилската Серија А постигна три гола и запиша три асистенции на седум натпревари.

Во дресот на Бразил одигра 128 натпревари, што е помалку само од Кафу (142), а со 79 погодока е најдобар стрелец во историјата на националниот тим, пред Пеле кој постигна 77.

Ендрик, кој веќе е стандарден член на Реал Мадрид оваа сезона, доби повик да го пополни местото на Нејмар во составот. Покрај тоа, селекторот на Бразил, Доривал Жуниор, го повика Лука Перо како замена за голманот Едерсон, а Алекс Сандро како замена за повредениот Данило.

Бразил моментално се наоѓа на петтата позиција во квалификациите со 18 бодови, а следниот дуел ќе го игра на својот терен против Колумбија на 21 март.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лошото време му пречело на Антони да игра добро во Манчестер

Антони објасни зошто не успеал да ги демонстрира своите квалитети во Манчестер Јунајтед. 2…