Дома Фудбал Сега е јасно: Еве зошто Конте остана во Наполи – се надева на сценарио како во Јувентус!

Сега е јасно: Еве зошто Конте остана во Наполи – се надева на сценарио како во Јувентус!

Антонио Конте и неговото останување во Неапол и понатаму се топ тема на Апенините. Додека Јувентус е гневен и разочаран, жителите покрај Везув радуваат.

Веќе пишувавме дека на Конте му беа ветени засилувања, нов договор и повисока плата, а кои играчи се на списокот?

Финале во Лига на Шампиони: Младиот ПСЖ против искусниот Интер! ↓↓↓


Овој викенд, директорот Мана ќе му го презентира на Конте списокот на засилувања за време на неговиот одмор на Искија, во близина на Неапол.

Познато е дека Де Брујне ќе биде првиот, но тоа е само почеток. Де Лаурентис има план да донесе уште седум играчи, буџетот е околу 200 милиони евра, дел од нив ќе го покрие и продажбата на Осимен. Конте не го сака Нигериецот во тимот, дури го нудат на Манчестер Јунајтед во размена за Хојлунд.

По продажбата на Кварацхелија, Конте очекуваше ново засилување коешто до сега не се случи, иако тренерот го бараше Н’Доје од Болоња. Сега Швајцарецот е мета, но опцијата која е поверојатна е Ное Ланг од ПСВ Ајндховен. Алтернатива на Хојлунд е Лоренцо Лука, напаѓачот на Удинезе, во случај да се продаде Осимен. Се спомнува и десниот напаѓач Ефон Жегрова, Косовар кој игра во Лил и би требало да го зацврсти десниот фланг заедно со капитенот Де Лоренцо.

Конте, покрај Де Брујне, посакува уште едно засилување во средината, динамичниот капитен на Рома, Пелегрини.

Во одбраната е потребен уште еден дефанзивец.Бонджорно е суштинскиот играч, но иако имаше план за Гати, тој реши да остане со Јувентус, а и во оваа ситуација “Старата дама” сигурно не би го отстапила. Ги следат што опции ќе останат на пазарот.

Целта на Конте е да ја повтори доминацијата од летото 2013 година кога со Јувентус ја освои втората титула. Клубот тогаш доведе играчи како Тевез и Љоренте и го освоија шампионатот со 102 поени, 17 повеќе од Рома. Иако историјата не може да се повтори, со Интерот без Инзаги, Милан и Јувентус кои не се на нивото на Наполи, и Рома која ќе има нов тренер и долгови кои ќе ја ограничат во засилувањата, Наполитанците се фаворити за одбрана на титулата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ го понижи Интер и дојде до првиот трофеј во ЛШ

ПСЖ на доминантен начин стигна до првата титула во Лигата на шампиони, откако со 5:0 го по…