Дома Фудбал Се појави нова снимка: Погледнетек како фудбалерите на Реал го игнорираат Чави (Видео)

Се појави нова снимка: Погледнетек како фудбалерите на Реал го игнорираат Чави (Видео)

Поранешниот непоразен УФЦ шампион, Хабиб Нурмагомедов (37), кој денес е тренер, ја коментираше смената на Чаби Алонсо од функцијата тренер на Реал. Овој прочуен борец е инаку голем навивач на Реал Мадрид.

“Без разлика дали влегуваш во сала или на терен, како тренер си главен и предводник. Но, ако во твојот тим нема почит кон твоите барања, тогаш сигурно не одите по ист пат. Сакам да верувам дека Алонсо е еден од тројцата најдобри тренери во современата ера. Ако тимот со него не функционира, треба да се менуваат играчите, а не тренерот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Апсолутно верувам дека ниту еден тренер не би можел да работи со ваков состав во Реал Мадрид. Мора да отстраните проблематични играчи. Пред една година го молеа да остане. Сега го отпуштија поради разгалени деца. Чаби, ТИ СИ НАЈДОБРИОТ”, напиша Нурмагомедов на социјалните мрежи.

Фановите на Реал беа погодени од зборовите на Хабиб. Се прошири видео кое ги прикажува моменти во кои очигледно е дека играчите на Реал ги игнорираат насоките од Чаби за време на натпреварите или само се насмевнуваат на нив. Најчесто не го слушаа и си заминуваа додека им објаснуваше.

Авторот на видеото тврди дека снимката покажува и како Чаби повикувал играчите да направат почесен шпалир за Барселона по нивната победа над Реал во Суперкупот, но тие го одбиле. “На ова мислеше Хабиб кога ги нарече разгалени деца”, се вели во статусот во објавата на X.

Реал во понеделникот го смени тренерот Чаби Алонсо (44). Негов наследник стана Алваро Арбелоа (42), исто така поранешен играч на Реал. Алонсо ги предводеше Реал на 34 натпревари, освојувајќи 24 победи, четири нерешени резултати и шест порази.

The Athletic објави дека причината за неговото заминување биле несогласувањата со клучните играчи, Винисиус Жуниор, Федерико Валверде и Џуде Белингам, кои имале тешкотии со тактичкиот пристап и начинот на водство на Алонсо.

Шпанската радиостаница La SER пак тврди дека Алонсо при заминувањето изјавил: “Не можете да им дадете толку многу моќ на играчите. Невозможно е тренерот да има контрола во соблекувалната ако клубот секогаш е на страна на играчите.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фернандеш донел конечна одлука за својата иднина во Манчестер јунајтед!

Kапитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, не планира да го напушти клубот во зимск…