Дома Фудбал „Се подготвувам за крајот на кариерата“: Левандовски наскоро оди во пензија

„Се подготвувам за крајот на кариерата“: Левандовски наскоро оди во пензија

Капитенот на полската репрезентација, Роберт Левандовски изјави дека е „многу блиску” до крајот на неговата играчка кариера и дека се подготвува “и ментално и практично” за животот по фудбалот.

“Не се плашам да ја завршам кариерата бидејќи почнувам да се подготвувам за тоа, да ги подготвувам работите кои можам да ги правам по фудбалот. Знам дека тоа е многу важен дел од мојот живот, но не е сè. Кога бев млад, не размислував за ова…Сега знам дека сум многу блиску до крајот на кариерата. Не знам, една година, две, три или можеби четири, не знам, но не чуствувам никаков притисок”, рече триесет и седумгодишниот напаѓач, чиј договор со Барселона истекува за шест месеци и кој ова лето ќе наполни 38 години.

Улогата на Левандовски во тимот се промени оваа сезона, а конкуренцијата за места во нападот и проблемите со кондицијата понекогаш влијаат на неговите минути.
Поради тоа што не е договорено продолжување на договорот, се очекува дека шпекулациите за неговиот следен потег ќе се зголемат.  

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Ако еден ден го послушам своето тело и почуствувам дека нешто се сменило, тогаш ќе бидам подготвен да го завршам тоа”, додаде Левандовски во подкастот “High Performance”. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неверојатен „проектил“ на Валверде го „стресе“ Атлетико Мадрид (Видео)

Федерико Валверде го отвори резултатот во мадридското дерби уште во втората минута, носејќ…