
На натпреварот од Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид и Атлетико Мадрид, се случи контроверзна ситуација за време на изведување на пеналот од страна на Хулијан Алварез, а прв кој сѐ забележа беше Килијан Мбапе.
Алварез изведе пенал, но се лизна, што резултираше во двоен допир со топката, што според правилата на фудбал не е дозволено и голот беше поништен.
Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓
Прв кој ја забележа оваа грешка беше Килијан Мбапе. Веднаш реагираше, сигнализирајќи им на судиите за двојниот допир, што на крај доведе до поништување на голот.
Kylian Mbappé immediately noticed that Julian Alvarez’s penalty had two touches. pic.twitter.com/gvx0rdgGqO
— TC (@totalcristiano) March 13, 2025
Голманот на Реал, Тибо Куртоа, исто така почувствува дека нешто не е во ред и заедно со останатите играчи го предупреди судијата Шимон Марчиниак, кој потоа со помош на ВАР го поништи голот поради двојниот допир на Алварез.
Реал после пеналите беше подобар со 4:2 и помина во четвртфиналето каде ќе игра против Арсенал.