
Претседателот на Спортинг, Фредерико Варандаш, денеска нагласи дека нема никаков „џентлменски договор“ според кој шведскиот напаѓач Виктор Ѓокереш би можел да замине од клубот за 59 милиони фунти, истакнувајќи дека до сега клубот не примил ниту една понуда за него.
„Гарантирам дека Виктор Ѓокереш нема да замине за 60 милиони евра плус 10 милиони во бонуси, бидејќи такво нешто никогаш не сум ветил. До денес, Спортинг не добил ниедна понуда за Ѓокереш, ни оваа година, ни претходната сезона,“ изјави Варандаш на прес-конференција, пренесе Би-Би-Си (BBC).
Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓
Швеѓанецот, кој има 27 години, постигна 97 гола во 102 натпревара додека играше за Спортинг во изминатите две сезони, а претходно три години играше за Ковентри Сити во англискиот Чемпионшип. Во последно време се поврзува со можен трансфер во Манчестер Јунајтед и Арсенал.
Во неговиот договор со Спортинг постои откупна клаузула од 85 милиони фунти, но медиумите претходно објавија дека е постигнат договор минатото лето меѓу клубот и играчот, со што би му се овозможил замин на помал износ.
Варандаш објасни дека единствениот компромис што клубот го направил бил дека нема строго да инсистира на полната сума од клаузулата.
„Една од најголемите грижи на неговиот агент беше дали ќе бараме полна сума за раскин на договорот. Тој сакаше гаранции, а договорено е само тоа дека Спортинг нема да бара полни 100 милиони евра,“ објасни Варандаш.
Тој додаде дека во тој момент не било можно однапред да се дефинира сумата на можен трансфер.
„Тогаш реков: нема смисла однапред да поставуваме сума бидејќи не знаеме што ќе се случи за една година. Можеби ќе биде 40 милиони евра, 60 милиони или 80 милиони. Она што можам да го гарантирам е дека нема да барам 100 милиони евра,“ заклучи претседателот на Спортинг.