
Саудискиот фудбалски гигант Ал-Ахли не се откажува од своите амбициозни планови да го доведе Лионел Меси во своите редови.
Според извештаите од повеќе извори, раководството на клубот веќе неколку недели интензивно преговара со претставниците на славниот аргентински ас, со цел да го ангажираат откако ќе му заврши договорот со Интер Мајами во декември годинава.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Ако дојде до овај трансфер, Меси за првпат од 2018 година наваму, повторно би играл во иста лига со Кристијано Роналдо. Последен пат тоа се случи кога обајцата се натпреваруваа во шпанската Ла Лига — Меси во Барселона, а Роналдо во Реал Мадрид. Така, Саудиската Про лига би станала нов центар на глобалното внимание, овој пат со двете најголеми ѕвезди на модерниот фудбал.
Овој можен трансфер би претставувал уште еден чекор на Саудиска Арабија во засилувањето и промоцијата на домашната лига пред Светското првенство 2034 година, чиј домаќин ќе биде токму таа. Иако детали за понудата сѐ уште не се објавени, се очекува дека сумата би можела да ги надмине досегашните рекорди на Блискиот Исток.
Од друга страна, Интер Мајами не се предава. Клубот од МЛС има намера да го задржи својот највреден играч и веќе подготвува нова понуда за да го убеди Меси да остане и по истекот на тековниот договор. Да напоменеме, Меси пристигна во МЛС средината на 2023 година и оттогаш не само што го подигна нивото на игра на Интер Мајами, туку и ја зголеми глобалната видливост на целата лига.