Дома Фудбал Сари: Пуштете го Гатузо да биде свој!

Сари: Пуштете го Гатузо да биде свој!

Џенаро Гатузо наскоро ќе биде именуван за селектор на италијанската репрезентација, досегашниот тренер на Хајдук ги договори сите детали со италијанскиот сојуз, потврдено е од многу извори. Остануваат само ситни детали кои треба да се завршат и во наредните неколку дена сојузот ќе објави дека Гатузо потпишал договор.

Ангажманот на Гатузо на чело на италијанската репрезентација го коментираше неговиот колега Маурицио Сари, италијанскиот тренер кој неодамна го презеде Лацио. „Ми се допаѓа како тренер, но мора да го пуштите Гатузо да биде Гатузо, дури и сега кога е селектор. Не смее да дозволи никакви компромиси во својата фудбалска визија“, изјави Сари за Тутомеркатоуеб.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


На чело на италијанската репрезентација Гатузо ќе го наследи Лучијано Спалети, кој доби отказ претходно овој месец поради слаби резултати. Гатузо минатата сезона со Хајдук го освои третото место во СуперСпорт ХНЛ.

Порано во кариерата го водеше Милан, Валенсија и Марсеј. Единствениот трофеј во кариерата е купот со Наполи во 2020 година. Освен него, кандидат за преземање на Италија беше и Фабио Канаваро, досегашен (неуспешен) тренер на Динамо.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Згаснува идејата за Суперлига: Барселона ќе го напушти проектот!?

Барселона сериозно размислува да се повлече од проектот за Суперлигата, откако односите на…