Дома Фудбал Сандерленд најде напаѓач во Милано

Сандерленд најде напаѓач во Милано

Сандерленд се врати во Премиер лигата по осумгодишна суша и одлично започна во англиската елита. Опстанокот веќе сега изгледа како речиси сигурен исход, но “црните мачки” посакуваат многу повеќе од тоа.

Клубот од Стадионот на светлината по 12 кола се наоѓа на седмото место во првенството, со победа над Челзи во сред Лондон. Одбраната функционира одлично, но недостатокот на сигурен голгетер е главната причина за скромната напаѓачка претстава – 14 постигнати голови.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Вилсон Исидор и Елиезер Мајенда не се калибар играчи кои можат постојано да играат на соодветно ниво во најсилната светска лига, додека Брајан Броби е некој кому му треба време за адаптација на новите предизвици.

Раководството на црвено-белите почувствува потреба најистурената линија на тимот дополнително да ја засилат, а италијанската Ла Република дознала дека изборот би можел да падне на напаѓачот на Милан Сантјаго Хименез. Подготвени се да им понудат на росонерите 30.000.000 евра, што е сума која во градот на модата би ја прифатиле без проблеми.

Сепак, проблемот лежи во тоа што Мексиканецот мора целосно да се согласи со трансферот. Ако нему идејата за преселба на Островот не му се допаѓа, од зделката нема ништо да биде.

Некогашниот член на Фејнорд во Милано стигна во февруари оваа година, кога седумкратниот европски првак за неговите услуги на Холанѓаните им плати 32.000.000 евра. И покрај тоа што од тогаш на поголемиот дел од натпреварите добиваше прилика во стартната постава, не успеа да се наметне како добро решение пред противничкиот гол. На 30 натпревари ја погоди мрежата седум пати, со пет асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона има ново чудо, потпиша неверојатен договор: „Заборавете го Меси и Јамал“

Барселона е позната по работата со помлади фудбалери, а нивната академија „Ла Масија“ за м…