Дома Фудбал Салах одби да се извини, нема да игра ниту за викендот, а дали воопшто повторно ќе го облече дресот на Ливерпул?

Салах одби да се извини, нема да игра ниту за викендот, а дали воопшто повторно ќе го облече дресот на Ливерпул?

Нема помирување меѓу Мохамед Салах и Арне Слот.

Денеска е закажан состанок по натпреварот и победата против Интер во Милано, а според информациите од англиските медиуми, иако клубот и Арне Слот очекувале извинување од Салах, Египќанецот решил да остане на неговиот став.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Истовремено, доаѓаат информации дека ако ништо не се смени, односно ако Салах продолжи вака да се однесува, нема да биде во составот за натпреварот со Брајтон за викендот.

Исто така, тоа според планот е и неговиот последен меч пред задолжителното заминување на Купот на африканските нации, што значи дека нема да биде со тимот до втората половина на јануари.

Да потсетиме, во разгорот на сето ова, повторно се појавуваат гласини за заминување во Саудиска Арабија.

Иако амбицијата на Салах е да остане уште малку на најголемата сцена, мали се шансите дека некој од клубот може да му понуди тоа што тој го смета дека заслужува – огромна плата и статус на првотимец.

Арне Слот ќе одржи нова прес-конференција во петок, кога сигурно повторно ќе зборува на темата за Салах, но како што стојат работите моментално, ништо не е променето. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Готово :Роналдо е пред заминување, објави и медиумот во кој тој е сопственик!

Кристиано Роналдо најавува заминување од Саудиска Арабија, како што објави португалскиот в…