Дома Фудбал Салах ќе добие понуда од 150.000.000 по сезона и сопственички удел во клубот

Салах ќе добие понуда од 150.000.000 по сезона и сопственички удел во клубот

Ливерпул е во тешка криза, првиот на удар на медиумите е Мохамед Салах, кој игра многу лошо на почетокот од сезоната, а сè е поизвесно дека Египќанецот ги брои последните месеци во дресот на англискиот шампион.

Сè погласни се гласините во Англија дека Египќанецот ќе го напушти Енфилд следното лето, и секако, првиот избор е Саудиска Арабија.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Денес се појавија и некои детали, а ако се вистинити, тоа ќе ги помести сите граници во современиот фудбал.

Наводно, еден од водечките саудиски клубови (не се наведува кој точно) му нуди на Салах астрономска плата од 150.000.000 евра годишно, но и да стане малцински сопственик на тој клуб.

Исто така, ќе биде и амбасадор за туризмот на оваа земја, а и за Светското првенство, кое ќе се одржи во Саудиска Арабија во 2030 година.

Салах пристигна во Ливерпул во 2017 година од Рома за 40.000.000 евра.

Ливерпул со Салах ги освои сите можни трофеи, две титули во Премиер Лигата, Лигата на шампионите, а најважното е што се врати на врвот на светскиот фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона се приближува до враќањето дома и најави отворен тренинг на реновираниот „Спотифај Камп Ноу“

Од Барселона официјално најавија дека првиот тим ќе одржи отворен тренинг на „Спотифај Кам…