Дома Фудбал Салах доби шокантна понуда од Шпанија!

Салах доби шокантна понуда од Шпанија!

Синоќа Мо Салах објави дека на крајот од сезоната ја напушта екипата на Ливерпул и дека ќе ја продолжи својата кариера во некој друг клуб.

Најмногу во разговор како негова наредна дестинација се спомнуваат Саудиска Арабија и САД, но денеска Салах доби многу интересна понуда од Шпанија.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Салах синоќа на емотивен начин се реши да се огласи и да соопшти дека на крајот на сезоната ќе ја напушти екипата од Енфилд.

Салах имаше договор со Ливерпул уште една сезона, но беше договорено дека тимот од Енфилд ќе се откаже од договорот и тој како слободен играч ќе замине на крајот од сезоната.

Најголем интерес за Салах покажаа клубовите од Саудиска Арабија, меѓу кои предничи Ал-Итихад, но тука се и клубови од МЛС, како и Пари Сен Жермен.

Меѓутоа, на шокантен начин се вклучи и тим од Ла Лига во акцијата, а станува збор за Реал Бетис.

Тие реагираа на видеото на Салах при заминувањето со слика на Египќанецот како држи дрес од Бетис со своето име заедно со неговиот поранешен соиграч од Ливерпул, Адриан.

“Уште еден танц, Мо”, беше описот под фотографијата.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона започнува операција “Бастони”

Барселона веќе ја планира следната сезона со јасни цели. Постои целосен консензус помеѓу с…