
Иако во претходните месеци ги одбиваше сите понуди на раководството на Јувентус за продолжување на соработката, Душан Влаховиќ сепак се премисли. Одлучи да остане во Торино и да ги прифати условите кои му беа понудени.
Агентот на српскиот напаѓач наскоро ќе седне на маса со челниците на Старата дама. Спремни се да се согласат на условите што ги одбиваа во претходниот период. Оваа вест ја пренесува италијанскиот новинар Нико Шира.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
“Како што стојат работите сега, сѐ води кон тоа дека Душан Влаховиќ останува во Јувентус”, наведува Нико Шира и додава:
“Српскиот напаѓач има одличен однос со соиграчите, го познава италијанскиот фудбал и навивачите го обожаваат. Поради тоа, Влаховиќ одлучи да се откаже од барањата за плата од 10 до 12 милиони евра, колку што заработуваше, и се согласува на седум милиони евра, плус бонуси.”
Очигледно е дека Србинот сфатил дека не може да добие сума што ја бара на ниедно друго место. Беше поврзуван со Барселона, Интер, Милан, но конечно одлучи да остане во Јувентус.