
Поранешниот напаѓач на англиската фудбалска репрезентација Вејн Руни откри дека добивал закани за смрт по трансферот од Евертон во Манчестер Јунајтед во 2004 година, кога имаше само 18 години.
Тој се пресели на „Олд Трафорд“ за 27 милиони фунти, откако одби да го продолжи договорот со „карамелите“. Фановите на Евертон беа бесни за овој потег на Руни – човек кој кратко пред тоа носеше маица со натпис „Еднаш син, засекогаш син“.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Добивав закани за смрт. Куќата на родителите ми беше повеќепати прскана со спрејови. Во тие случаи мора како и да е да останеш смирен, и луѓето околу тебе треба да ти помогнат. Беше многу комплицирано, бидејќи трансферот беше во Манчестер Јунајтед, а Ливерпул и Манчестер се ривали на теренот. Сепак си велев дека не ме интересира. Знаев што сакам и како да го постигнам. Само ги стиснав забите“, рече Руни во неговата сопствена емисија на БиБиСи Спортс. Руни помина 13 сезони во Јунајтед, со кого освои пет титули од Премиер лигата и една од Лигата на шампионите. Се врати во Евертон во 2017 и по една година замина во Ди Си Јунајтед во САД. Напаѓачот ја заврши кариерата во Дерби Каунти.