
Реал Мадрид победи со 3:1 против мексиканската Пачука, но натпреварот беше одбележан од досега невидена ситуација.
Капитенот на Пачука, Густаво Кабрал, во завршницата на натпреварот направи прекршок над Антонио Рудигер, по што германскиот дефанзивец на Реал извести дека бил цел на расистички навреди.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Главниот судија тогаш за првпат со знакови сигнализираше активација на специјалниот протокол на ФИФА против расизмот.
Рудигер го обвини Кабрал дека го нарекол „мајмун“ и „црнец“, што го потврди во разговорот со соиграчите и членовите на клубот.
За оваа ситуација зборуваше и тренерот на Реал Мадрид, Ќаби Алонсо.
„Мислам дека се спомнуваше нешто во врска со расизмот… Го поддржуваме Тони и ќе видиме што ќе се случи. Доколку е вистина, тоа е сосема неприфатливо. Ќе го активираме ФИФА протоколот и му веруваме во целост“, рече Алонсо.
Од друга страна, аргентинскиот играч изјави за „Ел Мундо“ дека му рекол на Рудигер: „кагон де м…“ („упла… кукавицо“), но ги негираше сите ксенофобични или расистички навреди.
„Тоа често го велиме во Аргентина, особено кога сме полни со адреналин… Имаше зголемени тонови, но ништо повеќе од тоа“, додаде Кабрал.
⚠️ Тензија на крајот од натпреварот: Рудигер и Кабрал се соочуваат по завршниот свиреж 😡
— MARCA América 🇲🇽 (@MarcaMexico_) June 22, 2025
🎥 Џоел дел Рио#пачука #реалмадрид #рондон #винисиус #ќабиалонсо #пачукачелизамејдрид #фудбал #фифа #маркаамерика #маркамексико pic.twitter.com/wltPY8UYQj