Дома Фудбал Рубен Аморим брутално искрен: Имаше офсајд, требаше да имаме ВАР за да ја промени одлуката

Рубен Аморим брутално искрен: Имаше офсајд, требаше да имаме ВАР за да ја промени одлуката

Вчера од 21:00 часот се играше натпреварот од третото коло на ФА Купот помеѓу Манчестер Јунајтед и Лестер, а Рубен Аморим по истиот застана пред новинарите.

Манчестер Јунајтед вчера победи со 2:1 по пресврт, во драматичен крај кога Мегваер постигна гол во 93. минута од натпреварот.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Повторената снимка покажа дека Англичанецот беше во голем офсајд, но бидејќи немаше ВАР, голот не се поништи и „Црвените ѓаволи“ продолжија натаму.

По натпреварот, тренерот на екипата од Манчестер застана пред новинарите и беше брутално искрен за целата ситуација.

„Голот беше чист офсајд. Требаше да имаме ВАР кој би ја променил одлуката. Ова беше многу тешко за Руд (тренерот на Лестер)“, изјави Аморим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Официјално: Лука Јовиќ си замина од Милан!

Српскиот репрезентативец Лука Јовиќ од следната сезона повеќе нема да биде дел од италијан…