Дома Фудбал Роналдо откри за што ќе разговара со Трамп во Белата куќа

Роналдо откри за што ќе разговара со Трамп во Белата куќа

Доналд Трамп ќе го угости Кристијано Роналдо во Белата куќа, а тоа е кратко по изјавата на Португалецот дека ќе има за што да зборува со првиот човек на Америка доколку се сретнат лично.

Откако првично беше објавено дека Кристијано Роналдо ќе ги посети Соединетите Американски Држави, наскоро беше откриено дека ќе се сретне со Трамп.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Во меѓувреме, Роналдо ќе биде една од главните атракции на Светското првенство што ќе се одржи следната година во Америка, Канада и Мексико.

Сигурно е дека Светското првенство што ќе се игра следната година ќе биде една од темите помеѓу Трамп и Роналдо, но тоа не е сѐ.

Откако неодамна во интервју со Пирс Морган ја откри својата желба да се сретне еден ден со Трамп, Роналдо откри за што би сакал да разговара со него.

Најмногу му е “главна цел” разговорот за светскиот мир, како и за нешто што им е заедничко на двајцата, но Роналдо не сакаше тоа да го објасни подетално.

“Овде, во Америка, каде било, би сакал да го запознаам. Знам дека бил во Саудиска Арабија, се надевам дека еден ден ќе седнам со него бидејќи е една од личностите што навистина ги ценам

Се надевам дека светот наскоро ќе пронајде пат до мирот. Тоа е она што го барам. Ќе му кажам што имаме заедничко, но додека не седнам со него, тоа ќе го задржам за себе”, рече Роналдо.

Роналдо веќе потврди дека Светското првенство следното лето ќе биде неговиот последен голем турнир пред да замине во пензија.

Тоа што му претставува огромен проблем е фактот што би можел да го пропушти првиот, а можеби и вториот натпревар на Светското првенство поради црвениот картон што го доби во квалификациите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пред три години го гледаше Мундијалот од дома, а сега ќе биде еден од главните фудбалери во својата репрезентација!

Фудбалерите на Холандија остварија убедлива победа над Литванија во Амстердам со резултат …