Дома Фудбал Роналдо остана без тренер: Ал-Наср го избрка Пиоли

Роналдо остана без тренер: Ал-Наср го избрка Пиоли

Саудискиот фудбалски клуб Ал Наср официјално соопшти дека ја прекинува соработката со тренерот Стефано Пиоли, кој ја водеше екипата само една сезона.

Иако клубот не соопшти детали за разделбата, според спортските аналитичари, причината најверојатно лежи во неуспехот да се обезбеди трофеј, и покрај значителните вложувања и очекувања.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


Италијанскиот стратег, кој претходно имаше успешен период со Милан, не успеа да го донесе посакуваниот успех во Ријад, што доведе до раскин на договорот.

Сепак, Пиоли најверојатно нема да остане долго без нов ангажман – според италијанските медиуми, тој е сериозен кандидат да се врати на клупата на Фиорентина, клуб што го водеше од 2017 до 2019 година.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барса со пресврт го победи Овиедо

Во натпревар од 6. коло на шпанската Ла Лига, Реал Овиедо ја пречека Барселона, која тешко…