Дома Фудбал Роналдо не сака да седи на клупата: Португалецот „полуде“ по замената (Видео)

Роналдо не сака да седи на клупата: Португалецот „полуде“ по замената (Видео)

Португалскиот фудбалер Кристиано Роналдо се пожали на одлуката на тренерот. Тренерот на Ал-Наср одлучи да го замени признатиот фудбалер во второто полувреме, што никако не му се допадна на Португалецот.

Одлуката на Стефано Пиоли во 61. минута беше да го стави на клупа Кристијано Роналдо. Тој со нервозна гестикулација веднаш го напушти теренот и се упати кон тунелот, наместо кон клупата.

Ал-Наср во првото полувреме поведе со 3:0, а еден од головите го постигна токму португалскиот фудбалер.

Роналдо оваа сезона беше стартер на 25 натпревари, а ова му беше само петтата средба која не ја одигра до крај. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Србија се бори за опстанок во Лигата на нации

Фудбалската репрезентација на Србија се соочува со клучен натпревар против Холандија во об…