Дома Фудбал Роналдо ги загуби нервите: Удри противник, доби црвен картон, па иронично гестикулираше (Видео)

Роналдо ги загуби нервите: Удри противник, доби црвен картон, па иронично гестикулираше (Видео)

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо, вчера заработи директен црвен картон за време на натпреварот на Португалија против Ирска на гостински терен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Португалците гостуваа на Ирска во претпоследното коло од квалификациите за Светското првенство, а Роналдо беше исклучен во 61. минута.

Фудбалерот на Ал-Наср од Саудиска Арабија го удри со лакт еден од противничките играчи, по што следуваше негово исклучување откако ситуацијата беше разгледана во просторијата за видео-судија.

Откако беше исклучен, Роналдо реагираше несоодветно и саркастично, упатувајќи жестоки гестови кон трибините, подигнувајќи ги двата палци, а исто така и аплаудираше кон судијата и навивачите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Порака од неговата баба многу го погоди Винисиус, се расплака пред новинарот (Видео)

Една од главните ѕвезди на бразилскиот тим, Винисиус Жуниор, се расплакал пред камерите по…