Дома Фудбал Ромарио ја откачи 38 години помладата девојка и непријатно ја изненади со порака

Ромарио ја откачи 38 години помладата девојка и непријатно ја изненади со порака

Поранешниот фудбалски напаѓач Ромарио де Соуза Фарија ја заврши својата спортска кариера пред многу години. Меѓутоа, љубителите на фудбалот не го заборавија. Бразилецот никогаш не ја криел својата зависност од се*с, а медиумите долго време ги следеа неговите врски со помлади жени. Сега е јасно дека ја прекинал врската со една од нив, но брзо нашол замена.

Иако поголем дел од кариерата ја помина во родниот Бразил, блескаше и во Европа, каде што играше за клубови како Барселона и ПСВ Ајндховен. Од професионалниот фудбал се повлече во 2009 година. Во слободно време понекогаш се враќа на теренот, но за тоа нема многу време бидејќи целосно е посветен на политиката.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Избран е во Претставничкиот дом во 2010 година, кандидирајќи се за Бразилската социјалистичка партија. Подоцна ја спроведуваше својата политичка агенда против ФИФА, настојувајќи да ја спречи својата земја да биде домаќин на Светското првенство 2014, настан кој го опишуваше како полн со корупција и перење пари.

Истата година влезе во Сенатот, а три години подоцна се приклучи на партијата Подемос. Моментално е сенатор за Рио де Жанеиро и е многу активен на социјалните мрежи.

По раскинувањето со инфлуенсерката Марселе Цеолин, која била 25 години помлада од него, дојде во центарот на вниманието поради врската со студентката Алисија Гомес, која беше 38 години помлада од него. Сепак, според The Sun, нивната врска се распаднала, што докажува и фактот дека сите заеднички фотографии исчезнаа од неговиот профил на Инстаграм.

Се наведува дека младата девојка била шокирана од потегот на Ромарио, кој ја оставил и ѝ напишал: „Повеќе не ме возбудуваш“, и не му требало долго да најде нова.

Ромарио брзо нашол утеха. Славниот фудбалер, кој во јануари ќе го прослави 60-тиот роденден, минатата недела беше фотографиран со мистериозна плавуша. Заедно присуствуваа на промотивен настан за музички албум. “Стоеја во еден агол и нешто си шепкаа на уво”, напишале новинарите од споменатите британски весници.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аморим очајнички се обидува да го задржи, но тој само чека јануари за да „избега“ од Манчестер Јунајтед

Таман кога ќе се чини дека проблемите за Рубен Аморим во Манчестер Јунајтед се исчезнале, …