Дома Останати Тенис Родик призна: Не верував дека Ѓоковиќ ќе игра пред Монте Карло

Родик призна: Не верував дека Ѓоковиќ ќе игра пред Монте Карло

Енди Родик во својот подкаст призна дека е изненаден од брзината на рехабилитација на Новак Ѓоковиќ по повредата на Австралијан Опен и предавањето во полуфиналето на Александар Зверев.

– Ја видов таа снимка од повредата на задната ложа што Ѓоковиќ ја постави на интернет, сфатив дека ситуацијата не е добра и го испратив до еден пријател доктор. Тој ми рече дека таквата повреда обично бара шест недели опоравување и мислев дека нема да го видиме пред Мастерсот во Монте Карло.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Родик признава дека погрешил во процената:

– Како и секогаш, мојата пресметка беше погрешна. Веќе го видовме во Доха, а сега ќе игра и на Индијан Велс. Сигурен сум дека никој не го очекуваше тука кога се повреди во Австралија. Затоа беше одлична вест кога се појави. Го изгубија Синер поради суспензија, но го добија Ѓоковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Кошмарен почеток на УС-Опен за Ѓоковиќ и Даниловиќ – издржаа само 45 минути

Српските тенисери Новак Ѓоковиќ и Олга Даниловиќ не успеаја да се пласираат во второто кол…