
Познатиот бразилски фудбалер Роберто Карлос (52) во последните денови на 2025 година итно беше хоспитализиран во Сао Паоло поради срцеви проблеми.
Поранешниот лев бек на Реал Мадрид беше на одмор во својата родна земја кога поради болка во ногата замина на редовен лекарски преглед.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Сепак, лекарите открија мал крвен тромб, а понатамошните испитувања покажаа и потешкотии со срцевата работа, поради што Карлос беше итно примен во болница, каде му беше вграден катетер.
Првичното планирање беше интервенцијата да трае околу 40 минути, но поради неочекувани компликации операцијата се продолжи на речиси три часа.
Карлос се обрати преку социјалните мрежи на првиот ден од новата 2026 година за да ја разјасни состојбата и да ја смири јавноста.
“Сакам да ги разјаснам неодамнешните информации што се појавија во јавноста. Наскоро, заедно со мојот лекарски тим, поминав низ превентивна медицинска интервенција што беше на време планирана. Интервенцијата беше успешна и се чувствувам добро. Не доживеав срцев удар. Реконвалесценцискиот процес се одвива добро и со нетрпение го очекувам моето враќање во полна физичка форма и продолжување со професионалните и приватни обврски. Искажувам искрена благодарност кон сите за пораките на поддршка, загриженост и охрабрување. Сакам да уверам сите дека нема причини за загриженост. Посебно и искрено благодарение упатувам кон целиот медицински тим што се грижеше за мене”, рече Карлос.