Дома Фудбал Реми за фудбалерките до 19 години против Ерменија

Реми за фудбалерките до 19 години против Ерменија

Женската репрезентација на Македонија до 19 години одигра нерешено 1:1 против соодветната селекција на Ерменија во натпреварот од второто коло на квалификацискиот турнир од Б лигата (втора рунда) за пласман во А лигата на квалификации за Е.П.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Нашите млади фудбалерки не успеаа да ја остварат втората победа на турнирот, по победата над Литванија во првото коло.

Анастасиа Илиевска во 63. минута погоди за предност на Македонија од 1:0. Радоста на нашите фудбалерки траеше само четири минути. Противникот успеа брзо да се врати во игра и преку Сајадиан успеа да го израмни резултатот.

Во последното коло, нашата селекција ќе игра против домаќинот Хрватска. Овој натпревар ќе се одигра на 7. април со почеток во 12:30 часот, на стадионот Карловац.

Македонија: Комненова, Јованоска, Ѓорѓиева, Веселинова, Симјанова, Додевска, Мехмеди, Јосифова, Митковска, Крстева;

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аргентина пак ја расплака Англија со епски пресврт и ќе ја брани титулата против Шпанија

Светскиот шампион Аргентина ќе има шанса да ја брани својата титула во финале против европ…