Дома Фудбал Реми без голови на дербито во Маџари, Силекс подобар од Струга

Реми без голови на дербито во Маџари, Силекс подобар од Струга

Денеска во ПМФЛ се играше дербито помеѓу Гостивар и Работнички кое на крајот заврши без погодоци, додека Силекс успеа да слави над актуелниот шампион Струга со 3:1 каде што на клупата дебитираше Илчо Ѓорѓиоски.

Гостивар кој пред почетокот на вториот дел од сезоната не ги криеше шампионските амбиции одигра уште едно реми.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Победата за Силекс ја обезбедија Хрџановиќ, Осман и Алиќ. Силекс уште на полувремето ја најави победата со водството од 2:0.

Шкендија и понатаму е сигурна на врвот на табелата и триумфираше со 1:0 против Тиквеш.

 На останатите средби Шкупи со 3:1 го совлада Пелистер, додека Воска дома славеше над Брера со 3:1 Во вчерашниот натпревар Вардар и Беса одиграа без погодоци.

Табела: Шкендија 46, Силекс 41, Работнички 41, Гостивар 40, Струга 32, Шкупи 31, Пелистер 23, Брера 20, Воска 18, Вардар 17, Тиквеш 15, Беса 15.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шок за Меси и Интер Мајами, Масчерано замина

Тренерот на Интер Мајами Хавиер Масчерано изненадувачки поднесе оставка, соопшти официјалн…