Дома Фудбал Реалов ултиматум до Французите: “Видете, тој мора да игра…”

Реалов ултиматум до Французите: “Видете, тој мора да игра…”

Бразилскиот напаѓач Ендрик извесно ќе го засили Олимпик Лион во текот на јануари каде што ќе дојде на позајмица од Реал Мадрид.

Преговорите сè уште се водат, но одат во позитивна насока за сите страни и младиот напаѓач кој не е во плановите на Чаби Алонсо бидејќи има само 11 минути оваа сезона, што е единственото што го одигра во последните пет месеци – ќе го засили тимот на Пауло Фонсека.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Единственото што би можело да ја уништи таа идеја е неговата потенцијална повреда.

Реал Мадрид планира да ја покрие целата негова плата, но постојат одредени детали кои би можеле да доведат и до финансиски загуби за Лион. Имено, францускиот клуб ќе мора да плати одредена сума на Реал доколку Ендрик не одигра одреден број на натпревари.

Не е точно познато колкав е тој број натпревари ниту колку пари Лион би требало да плати во тој случај, но е јасно дека на Реал многу му е важно тој да игра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Болно сведоштво на поранешниот холандски репрезентативец: Зависник сум од кокаин, мојот брак заврши…

Поранешниот дефанзивец на Њукасл и Вотфорд, Дарил Јанмат, сподели дека се соочува со завис…