Дома Фудбал Реал се откажа, Наполи доби лев бек!

Реал се откажа, Наполи доби лев бек!

Наполи чекаше на одлуката на Реал Мадрид, прашање беше дали фудбалерот на Жирона Мигел Гутиерез ќе биде вратен по клаузулата во “галактикосите”, но тоа на крајот не се случи.

Поради тоа, Гутиерез ја продолжува кариерата во Неапол, постигнат е договор меѓу сите три страни и нема повеќе никакви пречки овој лев бек да се најде во составот на Антонио Конте.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Цената?

Наполи ќе плати 18 милиони евра, плус 2 милиони евра за бонуси.

Играчот ќе потпише договор до 2030 година, а според информациите од италијанските медиуми, Гутиерез ќе заработува 2.3 милиони евра годишно.

Роден е во 2001 година, кариерата ја започнал во Реал Мадрид, а за првиот тим на тој клуб има одиграно девет првенствени натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Луис Енрике, Флик, Слот, Конте и Мареска ќе се натпреваруваат за наградата „Најдобар тренер“

Веќе се познати номинациите за наградата „Јохан Кројф“ за најдобар тренер за минатата сезо…