Дома Фудбал Реал Мадрид има нов тренер – наскоро сè ќе биде официјално

Реал Мадрид има нов тренер – наскоро сè ќе биде официјално

Карло Анчелоти го напушта Реал Мадрид на крајот од оваа сезона, тврди шпанскиот новинар Рамон Алварес, и наведува дека легендарниот Италијанец е целосно запознаен со плановите на клубот за иднината.

Реал Мадрид има намера да го промени тренерот следното лето. Иако има договор до јуни 2026 година, легендарниот Карло Анчелоти нема да остане на клупата на „Кралевите“, а на неговото место ќе дојде, како што беше и очекувано – Чаби Алонсо.

Битки за за титули и Лига на Шампиони во Премиер Лига, Серија А и Ла Лига ↓↓↓


Феноменалниот стратег привлече големо внимание кон себе со одличното водство на Баер од Леверкузен со кој минатата сезона доминантно освојуваше трофеи во Германија.

Баерн и Ливерпул се обидоа да го доведат во своите редови. Сепак, тој ги одби сите понуди што пристигнаа и на сите им беше јасно дека тоа е поради Реал Мадрид.

Неговиот сон ќе се исполни за само неколку месеци. 43-годишникот ќе стане нов тренер на кралскиот клуб.

„Карло Анчелоти знае дека му се ова последните месеци на клупата на Реал Мадрид. Знае дека Чаби Алонсо ги одби понудите од Баерн и Ливерпул и знае дека Реал планира со него во иднината“, рече Алварес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо не сака да седи на клупата: Португалецот „полуде“ по замената (Видео)

Португалскиот фудбалер Кристиано Роналдо се пожали на одлуката на тренерот. Тренерот на Ал…