
Европскиот првак Вардар ќе настапи во изменет термин на гостувањето во Лисабон против Бенфика во рамки на главната фаза од Лигата на Европа, а причината доаѓа од фудбалските терени – поточно од Жозе Мурињо и Реал Мадрид.
Натпреварот кој првично беше закажан за 17 февруари од 20.45 часот, ќе се игра порано, со почеток од 18.45 часот, поради тоа што вечерниот термин е резервиран за дуелот меѓу Бенфика и Реал Мадрид во Лигата на шампионите.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
До оваа промена немаше да дојде доколку португалскиот клуб не приредеше вистинска сензација во последното коло од лигашката фаза во ЛШ. Тогаш, Бенфика славеше против „кралевите“ со драматична завршница, откако голманот Трубин во самиот финиш се најде во противничкиот шеснаесетник и со удар со глава го постигна победничкиот гол, обезбедувајќи пласман во следната рунда – и индиректно, промена на терминот за натпреварот со Вардар.