Дома Фудбал Реал ја расплака легендата на Севиља: „Вакво нешто да ти приредат вашите ривали…“

Реал ја расплака легендата на Севиља: „Вакво нешто да ти приредат вашите ривали…“

ХЕСУС НАВАС (39), легендата на Севиља и шпанскиот фудбал, стави крај на својата спектакуларна кариера.

Настапот на десното крило во поразот од Реал (4:2) во 18. коло од Ла Лига беше 704. и последен за матичниот клуб. Навас во Севиља помина вкупно 19 години.


Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓


Во тој клуб беше од 2001 до 2013 година, кога за 20 милиони евра замина во Манчестер Сити, а по враќањето од Англија во 2017 година остана до сега.

Навас за Севиља, за која постигна 39 и асистираше 119 гола, четири пати го освои Купот на УЕФА/Лигата на Европа и два пати Кралскиот куп.

За Шпанија одигра 56 натпревари со 5 гола и 11 асистенции. Со репрезентацијата го освои Светското првенство во 2010 година и ЕП во 2012 и 2024 година.

Фудбалерите на Реал пред натпреварот направија шпалир на тревникот на Бернабеу во чест на великанот и му аплаудираа кога тој минуваше низ него. Ова беше пропратено со аплауз од публиката на стадионот на Реал.

По сите овие почести на стадионот на неговиот голем ривал, Навас со емотивна изјава пред камерите.

“Ова беше спектакл. Никогаш не сум видел вакво нешто да му се прави на играч на противничкиот стадион. Ова е лудост…” – рече Навас и почна да плаче. „Во последните неколку минути од натпреварот не можев да видам ништо. Само погледнав во теренот и се сетив на сите моменти што ги живеев, радоста што ја донесов на мојата Севиља и на мојата репрезентација. Направив многу луѓе среќни и мислам дека тоа е нешто уникатно“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неста доби отказ, Монца има нов тренер

Италијанскиот клуб Монца од денеска и официјално има нов тренер. По поразот од Јувентус во…