
Тренерот на Ливерпул Арне Слот го вклучи мохамед Салах во тимот за утрешниот натпревар против Брајтон, информираа неодамна водечките медиуми на Островот.
Порано денеска на својата прес-конференција Холанѓанецот потврди дека ќе има личен разговор со фудбалерот и од тоа како ќе тече разговорот ќе зависи неговата одлука дали ќе го вклучи во проширениот состав.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Салах беше изоставен од тимот за гостувањето кај Интер во текот на неделата, откако даде емотивно интервју по ремито со Лидс во саботата, во кое го искажа своето разочарување од тоа што остана на клупата во три последователни натпревари, како и од целокупниот однос кон него.
Ова предизвика многу шпекулации околу неговата иднина, а самиот играч дури и навести дека натпреварот со Брајтон може да му биде последен за Ливерпул. По него тој заминува да учествува на Купот на африканските нации, а по неговото враќање ќе биде отворен зимскиот трансфер-прозорец.
Денеска Слот изјави дека нема причина да не сака Салах да остане во тимот.
Останува да видиме дали утре Салах ќе започне како стартер или ќе остане на клупата за почеток. Во четирите натпревари во кои не започна, Ливерпул забележа две победи и две ремија.