Дома Фудбал Ратклиф посочи пет ѕвезди кои не се достојни да го носат дресот на Манчестер јунајтед

Ратклиф посочи пет ѕвезди кои не се достојни да го носат дресот на Манчестер јунајтед

Ко-сопственикот на Манчестер Јунајтед, Сер Џим Ратклиф, отворено проговори за предизвиците со кои се соочува клубот, посочувајќи дека неколку играчи се или преплатени или не ги оправдуваат очекувањата.

Тој нагласи дека тимот мора да се справи со последиците од трансфер грешките направени во минатото, кои, според него, скапо ги чинат клубот и неговите сопственици.

Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓


Во разговорот, Ратклиф истакна дека е потребно време за да се исправат минатите грешки, споменувајќи неколку клучни трансфери што клубот ги направил пред неговото доаѓање.

„Ако анализираме кого купуваме ова лето, тоа всушност се играчи што веќе сме ги донеле во претходните години – Антони, Касемиро, Онана, Хојлунд, Санчо. Без разлика дали тоа ни се допаѓа или не, ова е наследството што го презедовме и сега мора да најдеме начин да се справиме со тоа“, изјави Ратклиф.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Модриќ подготвува терен за пензија – вложи 22 милиони евра

Дека полека се подготвува за фудбалска пензија покажуваат и новите вести од Шпанија. Модри…