
Легендарниот шпански фудбалер Серхио Рамос (38) неодамна како слободен играч потпиша за мексиканскиот гигант Монтереј, а сега во јавноста се појавија детали од неговиот договор во Мексико кои се навистина неверојатни.
Да се доведе Рамос во мексиканското првенство не беше лесно, па челниците на Монтереј очигледно мораа да ги искористат сите можни адути.
СТЕМ: Клучот на иднината! Како нашите деца го освојуваат светот! ↓↓↓
Во популарниот фудбалски подкаст „Фудбалска култура“ беа откриени детали од неговиот договор во Мексико, според кои добил сѐ што посакал.
Рамос добил плата од четири милиони евра, плус бројни бонуси, а тоа се за секој одигран натпревар на Светското клупско првенство, за секој старт во првиот состав, за голови и асистенции.
Исто така, Рамос барал и добил улога на капитен во клубот, добил и целосни права на своето име и фотографии, како и два проценти од секој продаден дрес со неговото име.
Најневеројатно звучи податокот дека Рамос има право да одмори било кој натпревар кој го посака.
Рамос во Мексико добил и право да преговара со кој било друг клуб во одреден момент, а побарал посебна заштита за него и неговото семејство.
Исто така, побарал сместување близу Серхио Каналес, како и да има на располагање возач 24 часа дневно.