Дома Останати Ракомет Ракометарите ќе играат против Јапонија на домашен терен!

Ракометарите ќе играат против Јапонија на домашен терен!

ЕХФ неделата што следува во октомври ќе биде прва работна за машките репрезентации, а Македонија ќе ја искористи како старт на подготовките за големиот предизвик – Европското првенство во јануари во Данска. Нашата селекција ќе игра во Хернинг, а првите тестови ќе ги има дома, во двомеч против Јапонија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Првиот човек на РФМ, Александар Стефановски, најави дека обврските околу репрезентациите продолжуваат и по „Трофеј Македонија“.

„До крајот на годинава не очекуваат уште неколку важни настапи – У18 селекцијата во Луксембург ќе игра квалификации за ЕП 2026, со јасна цел да обезбеди пласман, додека У19 ќе одмери сили со Словачка во пријателски натпревари. Кај сениорите, закажавме двомеч со Јапонија на 30 октомври и 1 ноември, со што ќе стартуваат подготовките за континенталниот собир. Наскоро ќе одржиме состанок со селекторот Кирил Лазаров за финализирање на планот и сите детали пред шампионатот во Данска“, изјави Стефановски.

Директорот на репрезентациите, Филип Миркуловски, додаде дека е постигнат договор за продолжување на соработката со сите селектори, вклучувајќи го и Лазаров, а останува само потпишувањето на новите договори.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

ЕХФ ѝ додели организација на Македонија на ЕП до 18 години!

Македонија доби уште една значајна организација на големо ракометно натпреварување, откако…