
Еден од најпознатите спортисти на сите времиња, славниот тенисер Рафаел Надал, започнува значителна инвестиција во хотелска индустрија вредна преку 200 милиони долари.
По завршувањето на својата блистава кариера на теренот, Надал својата енергија ја насочува кон различни деловни потфати надвор од тенисот.
ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст
Меѓу неговите претходни проекти е висококвалитетната тениска академија, како и лична модна колекција. Во моментов, тој влегува во хотелски бизнис кој ќе го чини дури 200 милиони долари.
Рафаел Надал планира да изгради седум луксузни хотели во Аргентина. Американскиот секретар за туризам, Даниел Сциоли, го потврди ова.
“Поранешниот прв светски тенисер ќе обезбеди голема инвестиција во нашата земја преку изградба на седум ексклузивни хотели на популарни туристички дестинации”, потврди Сциоли.
Локациите за хотелите на Надал, кои ќе бидат дел од хотелскиот синџир Манакор, ќе вклучуваат Барилоче, Ел Калафате, Игуасу, Мендоза, Посада, Салта и Ушуаиа.
Првиот од овие хотели ќе биде изграден во Ел Калафате, според најавите, до 2026 година.