
Ватерполистките накратко го напуштија базенот поради истрелите испукани за време на натпреварот во Бразил.
Бразилската полиција денеска соопшти дека нема повредени, по истрелите што се слушнале во близина на базенот за време на натпреварот помеѓу Кина и Канада на Светското првенство за играчки до 20 години во градот Салвадор.
ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст
Ватерполистките на Кина во неделата ја победија Канада со 12:8, на првиот ден од турнирот, а на снимката може да се види дека натпреварот накратко бил прекинат, бидејќи ватерполистките излегле од базенот, легнале на подот и се скриле зад мала ограда откако слушнале дека се истрелани атци пред пливачкиот објект во населбата Питуба во Салвадор.
„Натпреварот беше прекинат околу минута. Нашиот тим виде дека полицијата се занимава со тоа”, изјави еден од челниците на водните спортови во Бразил, Марко Антонио Лемос.
Фото: Принтскрин
.