Дома Фудбал ПСЖ нема да запре со освојувањето на ЛШ: Сака засилување од 70 милиони евра!

ПСЖ нема да запре со освојувањето на ЛШ: Сака засилување од 70 милиони евра!

Откако ПСЖ ја освои Лигата на шампионите и сите можни домашни трофеи, Луис Енрике е решен да ја засили екипата уште повеќе.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Според доверливи извори, голема желба на Енрике е дефанзивецот на Бормут, Илија Забарни.

Забарни оваа сезона беше ѕвезда во тандемот со Дино Хујсен, кој замина во Реал Мадрид за 58 милиони евра. Интересно е дека Бормут за Забарни бара дури 70 милиони евра.

ПСЖ нема проблем да го плати ова обештетување, останува да се види дали Енрике е толку посветен на идејата за привлекување на Украинецот.

Забарни ја започна својата кариера во Динамо Киев, а во јануари 2023 година премина во редовите на Бормут за 22,5 милиони евра.

Фото: PSG/FB
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Еден од клучните играчи на Франција го пропушта СП 2026!?

Францускиот селектор Дидие Дешам се соочи со големи проблеми само десетина дена пред почет…