
Фудбалскиот клуб Пари Сен Жермен засега нема направено ниту еден потег на летниот пазар.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Европските шампиони сè уште го чекаат развојот на ситуацијата со одредени играчи, пред сè со Џанлуиџи Донарума, и тивко работат на засилување на тимот кој од зимата играше маестрално и заслужено ја освои Лигата на шампионите.
Малку недостасуваше да го подигнат и трофејот на Светското клупско првенство, но Челзи ги победи во финалето, што сепак ги наведе на одредени потези.
Лукас Бералдо би можел да замине, а неговото место наводно треба да го заземе Илија Забрани од Борнмут, додека се бараат и офанзивни решенија.
Приоритетен е Магнус Аклиуш од Монако. Суперталентираниот крилен напаѓач, кој може да покрива повеќе позиции во нападот и да игра и како „десетка“, е вреднуван од страна на Монако на дури 70.000.000 евра што многу го отежнува потфатот за Парижаните кои не мораат нужно да дадат толку многу пари, а веќе имаат напад составен од Дезиде Дуе, Усман Дембеле, Хвича Кварачелија и Бредли Баркола.
Фотографија: Принтскрин