Дома Фудбал ПСЖ го понижи Интер и дојде до првиот трофеј во ЛШ

ПСЖ го понижи Интер и дојде до првиот трофеј во ЛШ

ПСЖ на доминантен начин стигна до првата титула во Лигата на шампиони, откако со 5:0 го победија Интер во финалето.

Интер како да не излезе од соблекувални, нема решение за пресингот на „светците“. Уште после 12 минути Хакими погоди за 1:0 после брилјантната акција.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Десетина минути подоцна Дуе зголеми на 2:0 после една контра, резултат со кој се замина на полувреме.

После првите два гола во првото полувреме, ПСЖ продолжи со голеадата во вториот дел.

Најпрво младиот херој Дуе го постигна својот втор гол за 3:0, во 71-та минута Кварацхелија зголеми на 4:0, а конечните 5:0 го постави Мајо.

Ова е најубедливата победа во историјата на едно финале во Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Морничава исповед на Нејмар: Си го видов сопствениот погреб…

Бразилецот Нејмар дефинитивно остави трага во една ера на фудбалот, но никогаш не успеа да…