Дома Фудбал ПСЖ активира уште една „бомба“ на трансфер-маркетот вредна 63 милиони евра (Видео)

ПСЖ активира уште една „бомба“ на трансфер-маркетот вредна 63 милиони евра (Видео)

Илија Забарни од денес е нов член на ПСЖ. Пристигна од редовите на Борнмут за 63 милиони евра.

Дваесет и две годишниот централен дефанзивец, кој ќе го носи дресот со број 6, станува првиот украински играч во историјата на клубот.

Потпиша договор на пет години, односно до летото 2030 година.

“Возбудени сме што продолжуваме да го зајакнуваме нашиот колектив со потпишување на договор со Илија Забарни. Илија е талентиран меѓународен играч и голем професионалец – ќе даде голем придонес во сè што на долг рок градиме во Пари Сен-Жермен”, рече Насер Ал-Хелаифи, претседател на ПСЖ.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јулијан Алварез е минато, Јорганџиите започнаа потрага по нов напаѓач

Напаѓачот на Јувентус би можел до крајот на трансферниот рок да се приклучи на Атлетико Ма…