Дома Фудбал Првата тренерска промена во Премиер лигата

Првата тренерска промена во Премиер лигата

НУНО ЕСПИРИТО САНТО веќе не е тренер на Нотингам Форест.

Португалскиот стратег доби отпуштање по 21 месец на клупата и само три натпревари во новата сезона.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Неговата позиција беше неизвесна последниве две недели, откако јавно призна дека односите со сопственикот Евангелос Маринакис се влошуваат.

Во клубот веќе започнати се разговори за неговиот наследник, а конечната одлука се очекува да биде донесена многу брзо. Еден од кандидатите е и поранешниот тренер на Тотенхем, Анге Постекоглу.

Во изјавата објавена по полноќ, Форест му искажа благодарност на Нуно за “допринесот во текот на многу успешната ера на Сити Граунд” и нагласи дека тој “секогаш ќе има посебно место” во историјата на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Извлекување на двојките за осминафиналето од Лигата на шампионите

Во седиштето на УЕФА денеска (почеток 12 часот) ќе бидат извлечени двојките за осминафинал…