Дома Фудбал Пристигнала „луда“ понуда за Касемиро: Манечстер јунајтед ова нема да може да го одбие

Пристигнала „луда“ понуда за Касемиро: Манечстер јунајтед ова нема да може да го одбие

Каеемиро е еден од играчите на кои Рубен Аморим нема да смета и за кои Манчестер Јунајтед слуша понуди веќе во јануарскиот трансфер период.

Англиските медиуми откриваат дека клубови од Саудиска Арабија го сакаат Касемиро и му нудат астрономска плата. 

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Верувале или не, со неделна плата од 350.000 фунти, Касемиро е еден од најплатените играчи во Премиер лигата, а наводно Ал Наср му нуди речиси двојно повеќе – 650.000 фунти неделно, додека како отштета на Јунајтед му даваат дури 30 милиони! 

Јасно е дека ваква понуда не можат да одбијат ни Јунајтед, ни Касемиро, кој е свесен дека ќе биде во втор план и дека нема многу да игра кај Аморим. 

Касемиро пристигна во Јунајтед од Реал Мадрид, летото 2022 година за дури 70 милиони евра, но е јасно дека не ги оправда очекувањата и не игра на онај ниво кога со Реал освојуваше трофеи. 

Со заминувањето во Ал Наср, Касемиро ќе му се придружи на поранешниот соиграч Кристијано Роналдо, и сигурно овој тим ќе биде поконкурентен во борбата за титулата со Ал Хилал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ѕвезда на Манчестер Сити ја одложува венчавката поради Светското првенство

Голманот на фудбалерите на Манчестер Сити, Џанлуиџи Донарума, го одложи своето венчавање з…