Дома Фудбал Пристигна потврда од Мадрид: Анчелоти е минато, познат е неговиот наследник!?

Пристигна потврда од Мадрид: Анчелоти е минато, познат е неговиот наследник!?

Карло Анчелоти на крајот на сезоната си заминува од Реал Мадрид. Потврдата стигна од новинари блиски до кралскиот клуб.

Карло Анчелоти ќе го води Реал Мадрид во уште пет натпревари и потоа го напушта клубот. Тимот на Светското клупско првенство ќе има нов тренер.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Угледни новинари блиски до Реал Мадрид, Марио Кортегана и Миѓел Анхел Диаз, добиле потврда дека Дон Карло си заминува.

„Карло Анчелоти ќе го води Реал Мадрид во преостанатите пет натпревари, а потоа ќе стане селектор на Бразил. Одлуката е конечна“, тврдат двајцата.

Кортегана открива и кој би требало да го води тимот на Светското клупско првенство, и кој ќе биде на клупата од летото.

„Реал Мадрид наскоро ќе донесе одлука кој ќе го води тимот на Светското клупско првенство – Сантијаго Солари како привремен тренер или Хаби Алонсо како нов тренер на тимот“, посочи тој.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Најавен е еден од најголемите трансфери некогаш: Реал Мадрид тргнува по ѕвездата на Барселона!

Шпанскиот новинар Сиро Лопез вечерва соопшти дека Реал Мадрид во летото 2027 година ќе трг…