Кристофер Нкунку нема многу среќа откако пристигна во Челзи, пред се со повреди, но и со минутажа.
Повремениот француски репрезентативец долго време се мачеше со повредите, а кога се врати Мареска формираше тим во кој верува и што е најважно постигна резултати.
Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
Поради оваа причина, Нкунку е незадоволен и веќе би можел да го напушти Стемфорд Бриџ во следниот преоден рок, побрзо од очекуваното.
Нкунку дојде како големо засилување од Лајпциг и се претпоставуваше дека ќе биде еден од предводниците на играта на Сините, но тоа не вроди со плод. Како што пренесуваат шпанските медиуми, агентот на Нкунку и понудил на Барселона Французинот да премине во нивните редови.
Тимот од Каталонија веќе има проблеми со регистрацијата на Дани Олмо, па прашање е дали трансферот на Французинот би бил реална опција за шпанскиот тим.
Нкунку оваа сезона одигра вкупно 16 натпревари во Премиер лигата и постигна само два гола. Тој асистираше еднаш, но тоа не беше доволно за да го убеди Мареска дека треба да ги започнува натпреварите. Французинот има важечки договор со Челзи до летото 2029 година.
🚨 The agent of Christopher Nkunku has offered the services of the Chelsea forward to Barcelona.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) December 24, 2024
(Source: @SPORT) pic.twitter.com/y6tPcdxAkd