Дома Фудбал Претепан германскиот судија кој неодамна го запроси своето момче пред 50.000 гледачи (Фото)

Претепан германскиот судија кој неодамна го запроси своето момче пред 50.000 гледачи (Фото)

Германскиот фудбалски судија Паскал Кајзер, кој претходниот викенд на мечот во Бундеслигата меѓу Келн и Волфсбург на стадионот го запроси својот вереник Мориц, беше физички нападнат во својот дом.

Кајзер привлече огромно внимание на јавноста кога неодамна пред речиси 50.000 гледачи го запросил својот партнер.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Сепак, само една недела подоцна, Кајзер бил нападнат во својот дом, откако претходно добил директни закани кои ја содржеле неговата адреса.

За заканите, Кајзер ја известил полицијата која, според кажувањата, проценила дека нема непосредна опасност.

Само 20 минути по одговорот, додека бил во својот двор и пушел цигара, Кајзер бил нападнат од тројца мажи.

Напаѓачите, како што кажал тој, биле агресивни, а тој сега верува дека овој напад е непосредно поврзан со неговото јавно запросување и дека бил наменски нападнат поради овој јавен акт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Фалангата“ издоминира: Во Копенхаген денеска ечеше македонска песна! (Видео)

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва го игра натпреварот против Данска во Копе…