
Иако пред само два дена преку социјалните мрежи најави повлекување на сениорскиот тим, Беса од Добри Дол го промени својот став и сепак ќе продолжи да се натпреварува – но во Втората лига.
Од клубот денеска официјално потврдија дека сениорскиот погон нема да биде распуштен, иако го напушта главниот спонзор. Раководството на Беса одлучи да продолжи со работа и натпреварување, а младинските категории ќе останат во функција како и досега.
Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓
Сезонава, Беса одигра бараж за опстанок во Првата лига, но не успеа да го задржи прволигашкиот статус – во решавачкиот дуел беше поразена од Башкими, кој од Втората лига се искачи во елитата.
Овој развој на настаните значи и дека една од екипите кои беа поразени во баражите за опстанок во Втората лига (Преспа, Горно Коњаре или Осогово) ќе мора да се прости од второлигашкиот фудбал. Името на тимот што ќе испадне ќе биде одредено со ждрепка.