Дома Останати Кошарка Пресметката меѓу Дончиќ и Јокиќ донесе невиден спектакл, а потоа се драма во последната секунда (Видео)

Пресметката меѓу Дончиќ и Јокиќ донесе невиден спектакл, а потоа се драма во последната секунда (Видео)

Лос Анџелес Лејкерс по продолженија ги победија Денвер Нагетс 127:125. Херој беше Лука Дончиќ кој погоди шут за победа во последната секунда, а дуелот со Никола Јокиќ беше чудесен.

Лука Дончиќ и Никола Јокиќ приредија врвен спектакл минатата ноќ. На крајот, во пресметката помеѓу Лејкерс и Нагетс, се радуваше Лука и тоа на каков начин.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Последниот напад на натпреварот го имаше, се разбира, Лука Дончиќ. Безуспешно беше добрата одбрана на Спенсер Џонс врз него, Лука тргна кон кошот, направи степ-бек, и потоа преку рака погоди за триумф на Лејкерс 127:125.

Секако, салата на нозе. Сè експлодираше во тие моменти. Погледнете како изгледаше тоа.

Дончиќ натпреварот го заврши со трипл-дабл. Постигна 30 поени, имаше 13 асистенции и 11 скокови.

Од друга страна, уште една монструозна партија изведе Никола Јокиќ. Секако, оствари уште еден трипл-дабл. Српскиот кошаркар во овој дуел постигна 24 поени, фати 16 скокови, и додаде 14 асистенции.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Шоу во Лос Анџелес. Трипл-дабл на Дончиќ и Јокиќ, Словенецот го одлучи натпреварот

ЛУКА ДОНЧИЌ постигна победнички кош половина секунда пред истекот на продолжението, со што…