Дома Фудбал Пред натпреварот се фалеше, а еве што сега зборува газдата на Стеауа!

Пред натпреварот се фалеше, а еве што сега зборува газдата на Стеауа!

Екипата на Шкендија направи голем успех и вечерва со уште еден триумф во Букурешт си обезбеди сигурно најмалку место во Конференциската лига.

Големо разочарување овој пораз донесе кај првиот човек на ФЦСБ, Џиџи Бекали кој пред натпреварот зборуваше дека неговиот тим ќе слави со 3-4 голови разлика.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


На теренот сепак, ситуацијата беше далеку од неговите очекувања бидејќи Шкендија речиси и целосно да ги неутрализираше нападите на домашниот состав.

„За фудбал повеќе нема да зборувам. Ви честитам, вие се молевте подобро од мене. Во наредните месеци ќе го заборавам фудбалот, срамно е тоа што се случи. Што можам да направам јас, ако Бог се грижи за вас, не за мене. Битката за Лигата на шампионите е минато, сега ќе се насочам кон животот. Најважно што никој не умре и никој не е болен. Зборував за фудбал кога тимот ми даваше право, сега немам што да зборувам“, порача Бекали.

Во следното, трето квалификациско коло во Лигата на шампионите, Шкендија ја чека двомеч со Карабах.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од Ливерпул се премислија за Киеза

Ливерпул ја промени својата позиција во врска со иднината на напаѓачот Федерико Киеза во к…