
Често се прават споредби и анализи за тоа кои се најдобрите спортисти на сите времиња. Во оваа елитна група постојано се наоѓаат Новак Ѓоковиќ, кој важи за најдобар тенисер на сите времиња, и Јусеин Болт, најбрзиот човек на планетата.
Според фантастичниот Јамајканец, Србинот има предност:
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
На прашање од новинар на „Еуроспорт“ што е потешко – освоените 24 Грен Слем титули на Ѓоковиќ или светскиот рекорд на 100 метри од 9,58 секунди, Болт се насмеа:
– Без никакво двоумење, 24 Грен Слем титули. Новак е извонредна атлета. Го сретнав неколкупати и е навистина прекрасна личност – изјави Болт кој уживаше во врвниот тенис на турнирот во Монте Карло.
Следното прашање се однесуваше на ривалството помеѓу двајцата најдобри млади тенисери на моментот. Тенискиот свет е поделен меѓу Јаник Синер и Карлос Алкараз. Кого би избрале вие?
– За мене тоа е Алкарас, бидејќи веќе го запознав. Го сретнав еднаш во Шпанија и дефинитивно би гласал за него.
🇯🇲 Дури и на Јамајка го знаат.
— Eurosport.es (@Eurosport_ES) 7 април, 2026
🗣️ Јусеин Болт избира: „Тим Синер“ или „Тим Алкарас“? pic.twitter.com/zj7orUX857