
Ансу Фати ќе биде претставен во вторник како нов играч на Монако, објави најголемиот експерт за трансфери Фабрицио Романо. Италијанскиот новинар познат по точните трансфер информации додаде дека целата документација за овој трансфер веќе е подготвена.
Фати, денес 22-годишен и игра на позиција лево крило, а може да се искористи и во среден ред и напад, не толку одамна го нарекуваа „новиот Меси“. Пред три години „Трансфермаркт“ го проценуваше на 80 милиони евра, а денес вреди 5 милиони.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Предминатата сезона одигра 19 лигашки натпревари на заем во Брајтон, со просек од само 27 минути. Постигна два гола во првенството. Потоа беше вратен во Барселона, каде што доби само 232 лигашки минути во шест натпревари. Остана без ефект. Под договор со Барселона е до летото 2027 година.
Фото: Принтскрин